Бројни навивачи на Ливерпул доживеаја студен туш, ама буквално, вчера на полувремето од мечот со Њукасл.
Имено, дефектот на прскалката беше причината навивачите во првите дваесетина редови на стадионот да бидат добро намокрени.
Инцидентот се случил непосредно пред почетокот на вториот дел пред да излезат фудбалерите на теренот. Туширањето среќно го избегнаа дел од раковотството на „црвените“, кои се уште го немаа завземено местото во ложата.
Инаку, мечот помеѓу Ливерпул и Њукасл заврши без победник 1:1.