Претставникот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека терористите поседуваат оружје со кое можат да ја нападнат сириската авијација.
– Воената опрема која ја имаат екстремистите, како што е ZU-24, им овозможува да гаѓаат цели на далечина од 4.000 метри, посебно толку голем авион како што е II-76 на воено-транспортната сириска авијација, истакна Конашенков.
Тој потврди дека вакви напади биле забележани, меѓу другото, за време на испораката на првата хуманитарна помош во градот Деир ел Зор.
– Испораката на помошта е многу ризична. Во голем број случаи доставувањето на товарот се врши ноќе и без отворање на оган, додава генералот.