Фронтекс: Во 2015. 1,83 милиони илегални преминувања преку надворешните граници на ЕУ

Од:

Агенцијата на Европската унија за заштита на границите на Фронтекс соопшти денеска дека минатата година се регистрирани 1,83 милиони нелегални преминувања на надворешните граници на ЕУ.

Тоа е над седум пати повеќе од преминувањата регистрирани во 2014 година, чија бројка изнесувала 238.500.

Реалниот број на мигрантите е помал, бидејќи некои од нив повеќе пати ги преминувале надворешните граници на ЕУ, нагласи Фронтекс, чие седиште е во Варшава.

Според Фронтекс, само во Грција и Италија лани пристигнале 1,04 милиони мигранти, пет пати повеќе од претходната година. Во декември минатата година на грчка територија пристигнале околу 108 илјади нелегални имигранти, а во ноември 150 илјади.

Министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ в понеделник во Амстердам ќе имаат неофицијална средба, на која ќе се дискутира дали да биде воведена дополнителна контрола на границите на Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море