А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Прифатниот центар во Гевгелија за 24 часа примени 1.305 мигранти

by А1он22/01/2016 - 13:09128
Share0

По нормализирањето на транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница на Македонија, изминативе 24 часа во Прифатниот центар во Гевгелија биле примени 1.305 мигранти.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија, 564 лица биле од Сирија, 520 од Авганистан и 221 од Ирак. Дел од нив, поточно 637 биле транспортирани за Табановце со еден воз од шест вагони.

Во моментов ситуацијата во и околу Прифатнииот центар во Гевгелија е мирна. Во кампот има уште 670 мигранти кои чекаат да бидат евидентирани и во текот на денот да го продолжат својот пат кон саканата дестинација.

Екипата на Јавната здравствена установа Гевгелија извршила шест интервенции, од кои пет во кампот и една во општата болница. Против црвен тифус биле вакцинирани 45 лица, ангажирани на одржување на хигиената и била извршена дезинфекција на површина од 2.200 метри квадратни.

Црвениот крст во последното деноноќие на мигрантите во Прифатниот центар во Гевгелија им поделил 996 шишиња вода, 160 пакети со храна, 123 ќебиња, 339 јакни и 600 пара ракавици.

migranti

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски25/12/2025 - 14:4425/12/2025 - 14:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен