МИА: Работиме професионално и одговорно

Од:

„Македонската информативна агенција нема волја и потреба да влегува во расправи со политички партии, но, пред се заради јавноста, чувствува потреба да одговори на клеветничкото соопштение од СДСМ дистрибуирано до медиумите попладнево.

Еден технички пропуст од технологијата на секојдневното работење на МИА е повод за грст тешки и навредливи зборови срочени во нивното сопштение. Значи, велиме технички пропуст.

Технологијата на нашето работење е на вестите кои се во обработка да се стави назнака „не пуштај“, која стои се до нивното конечно оформување. Таквата назнака се брише при објавувањето. Овојпат направен е превид и не е избришана назнаката и веста е ОБЈАВЕНА и ставена на интернет страницата на МИА и дистрибуирана до сите наши корисници.

Пропустот е воочен по 2-3 минути и е корегиран.

Значи, веста е ОБЈАВЕНА и не може да се зборува за цензура. Инаку, од каде СДСМ ќе го видеа тоа?!

МИА во целост ги отфрла навредите од односното соопштение и ќе продолжи и понатаму најпрофесионално да ја извршува својата функција, подготовка и обработка на вести за потребите на нашите корисници, односно за брзо, точно и непристрасно информирање на граѓаните на Република Македонија. Одбиваме какво било наше натамошно учество во идните пресметки меѓу партиите и ги молиме да не остават да си ја работиме нашата работа“, велат од МИА.

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

Вработените во МИА одржаа предупредувачки протест

„МИА се претвори во ПР служба на владата“ – ги укинува дописниците од светот, ќе зема државни пари само за работа во Македонија?

А1он

Владата му препорача на Надзорниот одбор на МИА да го реизбере Драган Антоновски за генерален директор

Жарко Настоски