Белгиската полиција уапси уште двајца мажи под сомнение дека можеби се поврзани со терористичките напади од 13 ноемврии во Париз, при што загинаа 130 луѓе, изјави денеска белгискиот обвинител.
Уапсените се идентификувани како 30-годишниот Белгијанец Закириј Ј. и 35-годишниот Мароканец Мустафа Е. Тие се уапсени за време на претрес на две куќи во Моленбек.
– Двајцата се уапсени поради можни врски со различни осомничени во овој случај, истакна обвинителот, додавајќи оти истражен судија ќе одреди дали тие ќе останат во притвор.
За време на претресот не е пронајдено оружје ниту екслозивни направи.
Од нападите во Париз во ноември во Белгија приведени се 10 лица поради можни врски со терористичките напади.