Во прифатниот центар во Гевгелија, нема пристигнато нови мигранти од грчка страна

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија информираше дека заклучно со 10 часот утрово, во ПТЦ Гевгелија нема пристигнато нови мигранти од грчка страна.

Денеска состојбата е стабилна и мирна и во моментот нема мигранти во и надвор од ПТЦ Гевгелија, јавио дописникот на МИА од Гевгелија.

Во извештајниот период од Гевгелија кон Табановце биле транспортирани со воз и такси возила 393 мигранти кои беа останати од вчера.

Моментно на граничниот камен 59, како и во гевгелискиот камп состојбата е мирна. Како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, мигранти во моментот нема, а многу мала е нивната раздвиженост и на грчка страна во кампот кај Идомени од каде изминатото деноноќие нема пристигнато ниту еден бегалец.

Јавната здравствена организација од Гевгелија во извештајниот период изврши само четири интервенции, а периодот на затишје го искористи да изврши дезинфекција на површина од 7.800 метри квадратни и да постави 30 мамци за глодари.

Екипите на Црвениот крст извршиле пет интервенции и 46 асистенции.

Од УНХЦР соопштија дека немаат информации за пристигнати мигранти на грчките пристаништа.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски