Најмалку две лица, меѓу кои професор и студент, се убиени во напад на засега непозната група на универзитет на северозападот на Пакистан, соопшти денеска полицијата, додавајќи дека двајца напаѓачи се убиени.
Полицијата наведе дека уште напаѓачи се наоѓаат на вториот и третиот кат на универзитетот и судирот со нив се уште трае.
Во нападот се ранети најмалку 50 лица.