(ВИДЕО) Заев: Патологијата наметната од Груевски и Ахмети претставува насилство врз ДИК

Од:

Социјалдемократскиот сојуз и здружената опозиција деновиве ќе ги донесат своите одлуки за учество во владата и за следните чекори, рече лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Тој нагласи дека без регулација на медиумите и професионални стандарди во медиумскиот простор и без прочистен избирачки список не може да има фер, демократски и регуларни избори во Република Македонија.

– Оваа патологија што ја наметнува Никола Груевски, поддржан од Али Ахмети, претставува насилство врз независната Државна изборна комисија, рече Заев.

Тој додаде дека ДИК е таа која што е должна и под кривична одговорност со потпишувањето на Избирачкиот список. Според него, од денеска до денот до кога треба да се прочисти Избирачкиот список остануваат точно 45 дена, со што е невозможно да се прочисти списокот, а истото веќе го потврди и претседателот на Државната изборна комисија.

– Но, едно знам, после тоа што вчера се случи слободно можам да испратам апел, да го поттикнам, целиот демократски свет, сите демократски сили во Република Македонија, малку е здружената опозиција, ги поттикнувам сите политички партии со сите етнички предзнаци во своето постоење, ги повикувам сите интелектуалци, новинари, сите борци за слобода и демократија на заедничко здружување во една заедничка платформа за спас на Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија