ВМРО – ДПМНЕ: Дали Спасовски поднесе кривична пријава против „Гисеке и Девриент“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повикува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да и соопшти на домашната и на меѓународната јавност дали поднесе кривична пријава против германската компанија „Гисеке и Девриент“ и за кое дело се товари.

Во денешното соопштение од ВМРО – ДПМНЕ се потсетува дека изминаа пет дена откако Спасовски и обзнани на јавноста дека открил голем меѓународен криминал во кој е инволвирана германската компанија „Гисеке и Девриент“ со печатење на македонски возачки дозволи со двојни сериски броеви.

– Со оглед дека станува збор за светски реномирана компанија, домашната и меѓународната јавност очекуваат технички назначениот министер да почне да го отплеткува клопчето во оваа можна криминална мрежа и да објасни кои се мотивите и по чија наредба германската компанија „Гисеке и Девриент“ се вклучила во транснационалниот криминал, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Медиумите и јавноста, соопштува ВМРО – ДПМНЕ, се сомневаат во капацитетите и искреноста на Спасовски. Оливер Спасовски, смета ВМРО – ДПМНЕ, треба да ги отфрли сомнежите дека повторно лажел и манипулирал како неговиот лидер Зоран Заев. На граѓаните не им треба уште еден Зоран Заев, се наведува во соопштението.

– Има или нема криминал од страна на германската компанија и кои се мотивите на компанијата, се вели меѓу другото во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.
Јавноста, се посочува, очекува одговор дали Спасовски побарал помош
преку Интерпол за спроведување на меѓународна истрага против германската компанија и расчистување на нивните мотиви за криминал со обрасците за македонските возачки дозволи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски