СДСМ: Демократијата ќе триумфира над криминалниот систем на вредности на фамилијата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со панични соопштенија не може да го сокрие стравот на Никола Груевски од слободни, фер и демократски избори.

Никаде во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ не стои зошто не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино, зошто не е прочистен Избирачкиот список, зошто не е спроведена регулација на медиумите, а не функционира ниту Анкетната комисија за незаконското прислушување.

Денеска и Државната изборна комисија потврди дека не е прочистен избирачкиот список и дека за тоа се потребни најмалку 3 до 4 месеци, како што посочува ДИК.

Се е јасно. Обврските и предусловите за триумф на демократијата и слободната волја на граѓаните за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се далеку од нивниот криминален и коруптивен систем на вредности.

На демократски избори Никола Груевски и фамилијата нема да може да манипулира со вистинската волја на граѓаните и да спроведува изборен грабеж како досега.

Слободните медиуми се особено голем проблем за Никола Груевски и братучедот Мијалков.

Медиумскиот мрак фамилијата сака да го користи за да го крие криминалот, корупцијата но и за да креира виртуелна, лажна слика за катастрофалната состојбата во државата.

Лагите за ветените дури 8 милијарди евра инвестиции на Никола Груевски, што никогаш не се релизираа, можат да се сокријат само во медиумскиот мрак на фамилијата.

Реалноста што Груевски, кумот Ставрески, братучедот Мијалков и фамилијата сакаат да ја сокријат е поразителна.

Над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.

Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка а над 10 илјади се затворени.

Тоа е „амбиентот“ на Никола Груевски којшто се плаши од демократијата, слободата, правдата, но, за жал, тоа се принудени да го живеат и граѓаните на Македонија.

На Македонија и се неопходни промени а промените ќе се случат на следните слободни, фер и чисти избори кога демократијата ќе триумфира над криминалниот систем на вредности на фамилијата“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција