СДСМ: Фамилијата сака медиумски мрак за да ја спаси својата кожа, затоа молчи за милионите

Од:

„Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија” повеќе од еден месец молчат за милионските приходи ама затоа секојдневно објавуваат нарачани текстови во одбрана на криминалот на фамилијата.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Три милиони евра врти фабриката за лаги на Никола Груевски! Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа. Затоа владее молк за милионите на сметките на медиумските курири.

Помина повеќе од еден месец откако СДСМ објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија.”

Фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

Оваа фирма покрај сопственик на “Курир” и “Радиото Слободна Македонија” сопственик е и на “К Три телевизија ДООЕЛ Куманово”.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Молк и во “Република” за милионските приходи.

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години провладиниот неделник „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Затоа овие медиуми на братучедите Груевски и Мијалков 10 години ги трујат граѓаните со нарачани информации и ги штитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело