„Обединети за Македонија, во целост стои зад вчерашната одлука на лидерот на здружената опозиција и на СДСМ, Зоран Заев, ценејќи ја конзистентноста, за поместување на датумот за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 24 април годинава.
ОМ укажува дека се уште не се создадени услови за фер избори, особено кога не е прочистен гласачкиот список, медиумите, Специјалното јавно обвинителство нема соработка со институциите и е блокирано од истите, анкетните комисии се нефункционални и се само декор за власта за извртување на вистината и фабрикување на нови лаги.
ОМ е против секое наметнато решение, за да се прифатат избори по секоја цена.
Мора да се прекине агонијата која ни ја приредува веќе цели десет години оваа криминална власт. Одиме на избори каде ќе има чист терен, каде Груевски ќе нема можности да краде, фалсификува, уценува и мами“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.