„Нема договор за целосна и фер реализација на договорот од Пржино. Македонија е заробеник на нефлексибилни, нетолерантни партиски лидерства.
Поради нив страдаат слободарските и проевропски ориентирани граѓани. Анкетите покажуваат дека над половина од граѓаните во Македонија не сакаат да гласаат и незнаат за кого. Станавме држава во која најстресно се живее. По 25 години самостојност ние и натаму сме во последниот вагон, без прозори.
Не смееме да дозволиме четворица лидери да не остават на слеп колосек. Неможе да дозволиме граѓаните да ги делат, во нив да всадуваат чувства на омраза и нови омрази.
Тоа е шанса за сите слободарски и креативни сили да се обединиме во едноствен фронт против монополот на четворица партиски шефови. Од нивната егоистична воља сите сме страдалници.
Во заробеништво се наоѓа државата и слободата на индивидуален избор. Да ја симнеме цензурата врз слободната мисла.
Со контролирани телевизии што исклучиво ни емитуваат увезен кич и турбо фолк или со преплавни турски серии, нема амбинет за слободна конкуренција. Изорано е игралиштето за фер и демократски изборен натпревар.
Затоа, јавно го осудуваме ваквиот начин на водење политики, и ја повикуваме Европската Унија, САД целата меѓународна зедница да се свртат за да видат дека Македонија, политиката, и интелектуалниот и национален камапцитет и интегритет не се само четвроицата лидери и партиските врхушки кои во овие 25 години покажуваат дека го гледаат само сопствениот интерес и профит, а народот и сите останати политчари се само нивни заложници и не им се дозволува никаков просперитет.
Македнија не се смо Заев, Груевски, Ахмети и Тачи, Македонија е нешто многу повеќе од заложик на туѓи политики и агенди.
Бараме директна вклученост во процесите на сите, одговорноста е и во себичностса на политичката четворка, но и во селективноста на меѓународната заедница.! Треба да се знае дека трпението на народот е на самиот крај“, се вели во соопштението на ДС.