Денеска дојдовме четири партии за да ги договориме деталите за изборите на 24. април. Од тие четири партии, три партии се договоривме за датумот на изборите, а само една партија, односно еден човек дојде со барање да се одложат изборите. Тој човек има име и презиме, неговото име е Зоран, а презимето Заев.
– Не се зборуваше за никакви детали за изборите, ниту за законот за медиуми, зашто Заев не сакаше за тоа да се зборува. Тој само сакаше одложување на изборите. Ни потроши 12 сати за да бара и да моли, да нема избори на 24 април. Нам ни е јасно зашто го бара тоа, зашто ќе ги изгуби изборите. Но тоа е нерифатливо однесување, на неодговорен човек, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по неуспешните преговори во Пржино.
– Неговите зборови беа само за одложување на изборите, без никакви аргументи, тој добро знае дека избирачкиот список се проверува за неколку дена, добро знае и дека она што го бара во законот за медиуми го нема во инту една земја. Но, тоа го бара за да ја продолжи кризата во Македонија, зашто само во криза е актуелен и верува дека ќе му донесе политички поени, рече Груевски.
– Неговата поддршка со вакво однесување опаѓа, одамна се знае дека не држи до зборот, но сега поради лични интереси се обидува да ја продолжи кризата на сите граѓани на Македонија. Ние не прифатвме тоа што го бараше, од утре ќе правиме консултации кои ќе бидат нашите следни чекори, најави Груевски.
На прашањето дали неговата оставка уште важи, рече таа е депонирана и ќе се активира на сто дена пред избори.
Груевски се врати уште еднаш, за да изјави дека Хан им кажал на преговирите како преседателот на ДИК го известил дека не постојат пречки за да се одржат избори на 24. април.
– Хан не информираше и дека ОБСЕ го известиле дека нема никакви пречки за изборите, ОДИХР исто го известиле дека нема пречки изборите да се одржат на 24. април. Само еден човек се обидува кризата да ја продлабочи, рече Груевски.