Плетенка со чоколадо

Од:

Многу интересен и декоративен колач …

Потребно е:
400 гр брашно
1 кесичка пудинг од ванила
100 гр путер, на собна температура
50 мл млако млеко
2 јајца
20 гр квасец
2 лажици шеќер
малку сол
300 гр чоколадо

Подготовка:
– Сите состојки ставете ги во еден сад и замесете меко тесто. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го тестото да нарасне околу 30 минути.

– Кога ќе нарасне ставете го на набрашнета работна површина  и развлечете го со сукало во форма на правоаголник со широчина колку 3 чоколади од по 100 гр и некаде 3 см подолго од чоколадите (видете ја сликата). Ако е потребно исечете ги краевите на тестото.

Плетенка со чоколадо1

– На средината наредете ги чоколадите и исечете го тестото на коси ленти како на сликата. Лентите нека бидат широки колку една коцка од чоколадите.

– Преплетете ги лентите преку чоколадите, наизменично од левата па од десната страна (видете ја сликата).

Плетенка со чоколадо2

– На крај тестото премачкајте го со слатка павлака или со растопен путер. Внимателно ставете ја плетенката во тава обложена со хартија за печење.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-20 минути, додека тестото да добие убава златно-кафена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска