А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се скара и со Потпретседателот на САД, Џо Бајден

by А1он14/01/2016 - 16:1414/01/2016 - 16:53197
Share0

СДСМ не може да се помири со фактот што претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски имаше средба со Потпретседателот на САД Џо Бајден.

Добивај вести на вибер

СДСМ мисли дека се може да се купи со пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ мисли дека и Вице Заев ако собере доволно евра по принципот „евро за партијата, евро за Вицето“, може да си купи средба кај Џо Бајден, потпретседателот на САД, заменикот на Барак Обама.

Ова тврдење на СДСМ не само што е срамно и инфантилно, туку е и навредливо за институцијата Потпретседател на САД.

СДСМ мисли дека вториот човек во најсилната држава во светот има тарифник каков што имаат нивните советници од „Канвас“ и „Раскин и Хант“.

СДСМ треба да им соопшти на граѓаните колку ги плаќа советниците од Србија, сценаристите на протестите и на деструктивната кампања? Колку чини советувањето од Срѓа Поповиќ, Бендер и Шчекиќ кое залудно го добиваат Заев и СДСМ?

СДСМ не може да се помири дека ниту сценариото на „Канвас“ за протестите, ниту дебелите суми кои ги плаќаат на скапите сеачи на магла од „Раскин и Хант“, како што ги нарекуваат во Србија најновите советници на Заев, не вродија со плод.

СДСМ не може да се помири дека и покрај истурените стотици илјади евра на „Канвас“ и „Раскин и Хант“, ефектот е нула, исто како и резултатот на СДСМ од целото деструктивно сценарио кое го спроведува со години.

На крајот на денот, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 33,3%, а на СДСМ 14,7%. Рејтингот на Заев падна за рекордни 30% за само 4 месеци и е мизерни 5%.

Со пари, лаги и манипулации не може да се купи ниту средба со вториот човек на најсилната земја во светот, ниту довербата на најобичниот човек, граѓанин на Република Македонија.

Со лаги и манипулации само се редат порази. Досега СДСМ има забележано 9 порази по ред. На ред е 10-тиот, за точно 100 дена, на 24 април.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто