Грчката полиција на Лезбос приведе пет лица осомничени за илегална трговија со луѓе.
Националната припаданост на приведените не е соопштена.
Приведените лица тврдат дека се членови на една од десетиците невладини организации, кои имаат претставници на Лезбос, кои им помагаат на илјадниците мигранти кои со чамци пристигнуваат на островот од Турција.