ФИФА забрани трансфери во Реал и Атлетико

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ги казни мадридските клубови Реал и Атлетико со забрана за трансфери во следните два преодни рока поради прекршување на правилата при регистрација на малолетни играчи.

Како што се наведува во соопштението на ФИФА забраната не се однесува на сегашниот преоден рок што значи Реал Мадрид и Атлетико ќе можат да ангажираат нови играчи до 31 јануари.

Исто така, клубовите се и парично казнети, Атлетико со 900 илјади франци, а Реал со 360 илјади швајцарски франци.

Казната што ја добија Реал и Атлетико е иста со онаа што ја доби Барселона во претходните два трансфер рокови.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ