ФИФА го отпушти генералниот секретар Валке

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска му додели отказ на генералниот секретар Жером Валке поради сомнение за проневера направена во врска со продажбата на билети за Светското првенство во Јужна Африка и Бразил.

Етичкиот комитет на ФИФА минатата недела ја продолжи суспензијата на Валке на уште 45 дена, а сега се одлучи да го разреши.

– ФИФА одлучи да го разреши Валке од позицијата генерален секретар и одлуката веднаш стапува на сила, се вели во соопштението издадено од страна на Светската фудбалска асоцијација.

Валке беше еден од најмоќните луѓе во ФИФА и најодговорен за организација на последните два Мундијала во 2010 година и 2014 година.

Французинот негираше вмешаност во корупција.

Наместо него функцијата генерален секретар на ФИФА во следниот период ќе ја врши Маркус Картнер.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ