Најмалку 15 луѓе повеќето полицајци беа убиени во експлозија на бомба пред центар за вакцинирање од детска парализа во Квета, југозападен Пакистан.
Полицајците се собрале пред центарот за да ги обезбедуваат тимовите кои заминувале на трета етапа од кампања за вакцинирање во провинцијата Белуџистан, чиј главен град е Квета.
Повеќе од 20 луѓе се ранети.
Пакистан и Авганистан се последните две држави во светот каде болеста детска парализа е неискоренета и десетици деца секоја година остануваат парализирани. Кампањите за вакцинирање често се напаѓани од екстремистички групи кои сметаат дека вакцината е антиисламска и ги напаѓаат полицајците кои ги заштитуваат медицинските тимови. Од 2012 година досега во такви напади загинаа речиси 80 луѓе.