Еден Перуанец бил убиен, а уште една Перуанка била ранета во денешниот самоубиствен бомбашки атентат во историскиот центар на Истанбул, информира перуанското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.
Напаѓачот, за кого се смета дека пред извесно време влегол во Турција од Сирија, во нападот уби најмалку 10 лица, од кои повеќето се германски туристи.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу за атентатот ја обвини Исламска држава.