Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го осуди денешниот терористичкиот напад во Истанбул, нарекувајќи го „подло злосторство”, јави ТАСС.
Бан Ки-мун инсистира виновниците за злосторството во најблиско време да бидат подведени под одговорност. Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дјужарик изјави дека Бан Ки-мун изразил сочувство на семејствата на жртвите и посакувува брзо заздравување на повредените.