Организаторите на Олимписките игри во Токио 2020 година соопштија дека направиле избор од четири предлози за ново лого на тоа натпреварување.
Новото лого на игрите ќе биде претставено напролет.
Организаторите на ОИ во почетокот на декември на јавен оглас добиле повеќе од 14.000 предлози за ново лого. Првичниот дизајн е отфрлен поради обвинувања за плагијат.