Веган чоколаден колач

Од:

Неодолив чоколаден колач …

Потребно е:
1 чаша (од 250 мл) пченично бело брашно
1 чаша пченично интегрално брашно
1/4 чаша какао во прав
1 лажиче сода бикарбона
прстофат сол
1 чаша шеќер во прав
1 чаша свеж сок од портокал
1/4 чаша масло
1 лажица јаболков оцет
1 ванилин шеќер
малку рендана кора од портокал
2 портокали (ситно сецкани)

2 лажици мармалад
околу 120 гр чоколадо
шеќерни топчиња, за декорирање

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите суви состојки, па додадете ги сокот од портокал, маслото и оцедот. Убаво изматете.

– Додадете ја изренданата кора од портокал и ситно сецканите портокалите и измешајте убаво.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

– Печениот колач извадете го од калапот и оставете да се излади.

– Премачкајте го со мармаладот.

– Чоколадото растопете го на пареа, оставете да се излади и потоа прелијте го над мармаладот. Декорирајте со шеќерни топчиња.

– Кога ќе се стегне чоколадото, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска