Величковски за ставот на Хари Костов: Против идејата за валутен борд ќе бидат оние што пактираат со Груевски

Од:

Се согласувам дека ни е потребен монетарен борд. Што поскоро, тоа подобро. Борд не ни гине, но ако дојде доцна – ќе платиме поскапа социјална цена – изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски на синоќешниот брифинг со Главниот изборен штаб и претставниците на скопските општински организации на ЛП.

„Идејата за борд е добронамерна и правилна, а Либералната партија досега ја има предложено во два наврати.

Ова е став на познавач на домашните политички, а особено монетарни и финансиски околности, кој ги има предвид и зависноста од задолжување на домашните финансиски власти, но и преценетиот денар и (не)конкурентноста на македонскиот производ на светските пазари.

Либералната партија е свесна дека стопанството скапо го плаќа бранењето на денарот како социјална мерка на сите досегашни влади. Затоа, се согласувам со Костов дека ни е потребен валутен борд. Што поскоро, тоа подобро. Конкретно, Борд не ни гине, но ако дојде доцна – ќе платиме поскапа социјална цена.

Со ваквата идеја нема да се согласат оние кои пактираат со Груевски или сакаат еден популизам да заменат со друг.

Го поздравувам фактот дека зад идејата сега застана и поранешниот премиер Хари Костов, човек кој несомнено има увид и проценка за финансиските перформанси и на македонската монетарна политика и за кондицијата на банкарскиот систем и драго ми е што конечно се отвораат вистинските теми“, рече Величковски.

Во оваа смисла, тој се осврна и на ставот на Костов за потребните перформанси на една македонска Влада:

„Тој зборува за потребата од нови политичари во нова влада со соодветна и суштинска платформа. Видливи се сличностите со Либералната платформа за концентрациона влада од минатата година. Сметам дека Костов правилно оценува дека решение за перманентната криза може да донесе само влада со легитимитет поширок од рамката на оваа влада на „четворката“ што перманентно ги генерира кризите и драго ми е што тоа веќе е се пораспространето мислење“, изјави Величковски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on