Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на СДСМ за Скопје, во интервју за Радио слободна Европа изјави дека СДСМ не настапува со случаен човек и сигурно СДСМ нема да влезе во борба, наводно да жртвува некој кој има еден влог и во општество и во партијата.
Неговата партија вели, ги има најдобрите кандидати во општините и Град Скопје, и воопшто не се размислувало дали Стевче Јакимовски ќе биде градоначалник на Карпош.
„Не знам како, ако дефиницијата за жртвено јагне ја побараме во енциклопедиите како може да се поистовети со мене, затоа што зборуваме за кандидат којшто од 1996 до 2000 бил советник во советот на општина Центар, од 2001 сум пратеник, сум бил потпретседател на партијата, сум член на највисокото раководство како член на Извршниот одбор на партијата, потпретседател сум на Собранието, тоа не е случаен човек. СДСМ не настапува со случаен човек и сигурно СДСМ нема за влезе во борба, наводно да жртвува некој кој има еден влог и во општество и во партијата, туку напротив влегува во една битка за да победи со кандидатот и со сите кандидати во градот Скопје по општините“, изјави Макрадули.
СДСМ, вели Макрадули, на овие избори влегува за да победи, и како добра ја оценува постапката за рано откривање на кандидатите за градоначалници, бидејќи граѓаните бараат да ги знаат кандидатите однапред. Не знае кој ќе му биде против кандидат.