Средба на Вајгл, Ховит и Кукан со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Досегашната реализација на обврските од Договорот постигнат меѓу четирите партии во Пржино за излез од кризата, како и претстојните обврски во наредниот период, биле главна тема на денешната средба на тројцата европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти владејачката партија, Никола Тодоров на Вајгл, Ховит и Кукан им укажал дека сите обврски кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ, беа почитувани.

На меѓународните претставници им биле пренесени очекувањата Договорот да биде до крај реализиран, вклучувајќи го и клучниот услов, изборите на 24 април.

– Одржувањето на изборите во предвидениот датум ќе значи и целосно заокружување на Договорот и излез од кризата. Ваквиот исход го очекуваат и потписниците на договорот и меѓународните претставници, а пред се граѓаните на Република Македонија. Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и се што е досега постигнато, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, на тројцата европратеници им било укажано и на, како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, незаконските разрешувања изминатиов период од технички именуваните министри и заменици на СДСМ, почнувајќи од жестоката партизација со непрофесионален кадар, преку незаконските одлуки и разрешувања, па се до унапредувањето на сопругот на министерката Фросина Ременски со кое беше нарушен системот на кариера кој МВР заедно со меѓународни експерти го градеше со години.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски