Во Белгија разбиена досега најголема мрежа за шверц на имигранти

Од:

Белгиските власти соопштија дека успеале да разбијат досега најголема позната мрежа за илегален транспорт на имигранти во и од земјата, јави БТА.

Во соопштението се посочува дека дневно преку оваа мрежа од Белгија во Велика Британија биле пренесувани по 20-тина имигранти, кои за „услугата“ плаќале по 2.000 евра.

Откриените организатори на мрежата биле Курди и Ирачини, кои успеала да британскиот брег да пренесат околу 3.000 илегални имигранти.

Во акцијата досега се приведени 10 лица, кои се обвинети за учество во криминална организација.

На оваа акција во Белгија, му претходеше апсењето на две лица во Белика Британија минатата недела, кои се смеаат за водачи на мрежата.

Белгиските власти очекуваат нивно предавање на Белгија во „најбрзо можно време“.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски