Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, ќе се договориме со Хан!

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за агенцијата „Мета“ вели дека засега нема договор за одложување на изборите закажани за на 24 април, ниту ги потврдува, ниту ги демантира шпекулациите за одложување на изборите во јуни, но ја отвора и можноста тие да се одложат дури за во септември.

„Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил Избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември. Сепак за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со останатите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски тие можат да се одржат и на 24 април“, изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Последниот став на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на изборите беше дека ако изборите не се одржат на 24 април, тогаш не важи ниту договорот од Пржино.

Во понеделник во Скопје треба да допатуваат европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, а во текот на неделата се очекува да дојде и еврокомесарот Јоханес Хан, кој треба да ја утврди фактичката состојба од исполнувањето на Договорот од Пржино.

Премиерот, Никола Груевски во понеделник заминува во САД на средби со ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден и помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска