Оружени разбојништва врз мигранти кај Демир Капија

Од:

Непознати вооружени лица завчера во близина на Демир Капија извршиле две разбојништва врз петмина мигранти од Мароко при што им одзеле вкупно 2.650 евра и мобилен телефон. 

Како што соопшти денеска МВР, првиот случај бил околу 13.30 часот во близина на Демир Капија, каде што три непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над двајца Мароканци при што им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон. Вториот случај бил во 20.00 часот кога три непознати вооружени лица извршиле разбојништво над тројца марокански државјани при што им одзеле 900 евра. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Полицијата, исто така, соопшти дека патничко возило „Шкода Фелиција“ без регистарски ознаки, управувано од илегален мигрант, вчера во 18.30 часот во близина на село Прдејци, не застанал на предупредувањето на полициските службеници и продолжил со движење. По кратко време во близина на село Смоквица возилото излетало од коловозот.

Во него биле затекнати 13 мигранти, од кои две од Мароко и 11 од Иран. Во 22.00 часот лицата се однесени во прифатниот центар Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски