„Курир е фатен со приходи од 1.300.000 евра. Граѓаните и фирмите би сакале да знаат како се заработуваат 1.300.000 евра во време на незапаметена сиромаштија во Македонија.
Но Курир не зборува за приходите од 1.300.000 евра. Ако зборува за приходот од 1.300.000 евра Курир треба да почне од нивната поврзаност со братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.
Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП.
НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС. Зад СГС стои братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Сопственик на НВСП, чијшто основач е СГС, е Владислав Стајковиќ. Стајковиќ е близок и до кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.
Курир е гласилото од коешто Груевски ја спроведува уредувачката политика во медиумите под негова контрола.
Се што ќе објави Курир, мора да се најде во првите прилози на телевизиите Сител, Канал 5, Алфа, вклучително и Македонската Радио Телевизија.
Никола Груевски и фамилијата преку Курир и пропагандата создаваат лажна реалност за да ги сокријат нивните криминали и богатења на грбот на осиромашените граѓаните.
Курир им ги објавува лагите, а ја крие вистината.
Дали Курир за 1.300.000 евра ги труе со граѓаните за да ја штити расипничката власт на Груевски и Мијалков или за многу повеќе?
Брзо ќе се потврди што е Курир, како се финансира и од чии пари“, велат од СДСМ.