Либија: Во самоубиствен напад седум загинати, 11 повредени

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во напад на бомбаш самоубиец врз контролен пункт во либиската нафтена област, која ја потресуваат напади на џихадисти.

Портпаролот на силите задолжен за безбедност на блиските нафтени постројки Осама Ходеири изјави дека возачот на „тојотата ленд крузер“, се разнесе вчера на контролниот пункт на влезот во градот Рас Лануф.

Според него, меѓу загинатите е и 16-месечно бебе.

Возилото било во ред, но експлодирало кога се приближило кон контролниот пункт.
Рас Лануф и блискиот Ел Сидер се најдоа оваа недела на мета на екстремистите на Исламска држава.

Претходно во текот на денот, најмалку 65 лица загинаа, а 127 се повредени во бомбашки напад врз полициска академија во либискиот град Злитен, на брегот на Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски