Труење со храна кај кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањето во Лакташи

Од:

Дел од кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и нивниот тренер Александар Јончевски добиле труење со храна по вечерата во хотелот каде во релаксирана атмосфера ја прославувале победата над Игокеа остварена вчеравечер во Лакташи.

Првите симптоми се појавила пред влегувањето во автобусот пред враќањето за Скопје.

Патувањето поминало со чести паузи поради повраќање и дијареја. Најпогодени од труењето биле тренерот Јончевски, Горјан Марковски, Љубомир Младеновски и Марко Љубичиќ. Тие по пристигнувањето во Скопје добиле инфузија по што состојбата им се стабилизирала.

Неофицијално, станува збор за труење со бактеријата салмонела.

И покрај здравствените проблеми се очекува сите „погодени“ да можат да одговорат на обврските на следниот натпревар на МЗТ в недела против Сутјеска во Скопје.

МЗТ Скопје Аеродром по победата над Игокеа (86:70) се искачи на петтата позиција на табелата во АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он