Се чистат од снег улиците во Куманово

Од:

 Вкупно 30 тони сол се фрлени последниве 24 часа по улиците во Куманово, информира општинскиот Сектор за урбанизам. Висината на снежната покривка е три до пет сантиметри, а последното чистење е спроведено синоќа, во доцните часови.
 
– Чистено е по приоритети од прва и втора зона по нагорнини, раскрсници, булевари, централните улици, потоа и помалите, изјави Момчило Јовановски, помошник-раководител на Секторот за урбанизам.
 
За зимско оддржување на улиците во Куманово задолжени се „Кооп Инжинеринг“ од Куманово и „Катинг“ од Скопје. За пофункционално оддржување, градот е поделен на две зони, кумановската фирма  ја оддржува западната, а скопската источната зона од градот.
 
Според регионалниот центар за управување со кризи, висината на снежната покривка во општините Старо Нагоричане и Липково е околу пет сантиметри.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка