Населението на Земјата на 1. јануари 2016. година ќе изнесува речиси 7,3 милијарди лица

Од:

Населението на Земјата на 1 јануари 2016 година ќе изнесува речиси 7,3 милијарди лица, соопшти Бирото за попис на населението на САД.

Прогнозираниот број на населението на планетата на 1 јануари ќе биде 7.295,889,256 лица, односно населението за една година се зголемило за 78 милиони лица или 1,08 отсто..

Во САД населението во почетокот на новата година ќе биде 322.762,000 луѓе, или за една година се зголемило за 2,47 милиони, односно  0,77%. Од последниот попис, во 2010 година бројот на жителите на САД се зголемил за околу 14 милиони луѓе.

Во светот, најголема популација има Кина (1.367 милијарди лица), следена од Индија (1,252 милијарди лица) и САД. По нив се рангираат Индонезија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска