Белгиската полиција денеска во Брисел приведе шест лица во врска со заговор за атентат во престолнината за Нова Година, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на федералното обвинителство.
Подоцна во текот на денот судија ќе одлучи дали да ќе остави во притвор или ќе ги ослободи.
Бриселските власти синоќа ги откажаа сите празнувањата во белгиската престолнина за Нова Година, обраложувајќи го овој потег со заканата од терористички напад.
Денеска, друг судија, исто така, одлучи двајцата мажи, кои беа идентификувани како Саид С.(30) и Мохамед К. (27), а беа притворени во неделата и понеделникот, уште еден месец да останат во притвор, откако во вторникот беа обвинети за планирање напад во Брисел за Нова Година.