За новогодишната ноќ подгответе ги овие слатки ароматични колачиња …
Потребно е:
240 гр шеќер
120 гр путер
1 јајце
1/2 лажиче екстракт од ванила
350 гр меко брашно
5 гр прашок за пециво
прстофат сол
1 кесичка цимет во прав
за глазурата:
250 гр шеќер во прав
4 лажици вода
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги путерот на собна температура и шеќерот и изматете ги убаво со миксер.
– Додадете го јајцето и екстрактот од ванила и повторно убаво изматете.
– Во друг сад измешајте ги брашното, циметот, прашокот за пециво и прстофат сол.
– Соединете ги двете смеси и измешајте убаво да добиете хомогена смеса. Ставете го во фрижидер да стои најмалку 2 часа.
– Извадете го тестото од фрижидер и на пластична фолија развлечете го со сукало со дебелина околу 1-1,5 см. Со калапи вадете различни форми по желба.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење на околу 3 см раздалеченост.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути, додека краевите да добијат кафена боја.
– Додека се печат колачињата преминете на подготовка на глазурата. Просејте го шеќерот во прав низ цедалка и додадете ја водата. Измешајте. Загрејте ја малку смесата на ниска температура со постојано мешање додека да се растопи шеќерот. Оставете да се излади.
– Изладената глазура сипете ја внимателно на изладените колачиња и оставете да се стегне.