ВИДЕО: Заев ги предаде снимките на Специјалното јавно обвинителство

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги предаде незаконски прислушуваните разговори на Специјалното јавно обвинителство.

Заев неколкупати го одлагаше предавањето на снимките велејќи дека СЈО се уште нема услови за чување на снимките.

– Снимките ги предадов на целосно независна институција и очекувам правилна истрага. Го завршивме нашиот дел од обврските од Пржино-материјалите се предадени на Јавното обвинителство, оставивме материјал кој гарантира многу работа на специјалното јавно обвинителство, рече Заев.

Тој истакна дека остануваат да се исполнат и останатите обврски, без кои нема да има фер избори.

-Очекуваме да биде донесен закон за медиуми, за да може да се создаде амбиент за чисти избори. Истовремено очекуваме да бидат исполнети сите рокови кои зависат од сега формираната Државна изборна комисија, каде што претсtои целосно сподесување на фотографиите од биометриската документација, целосно споредување на базите од биометриската документација и да се заврши теренската проверка на изборачкиот список.

Не може Македонија повторно да оди на избори со 1, 780.000 гласачи, кога знаеме дека сме во моментов 1.650.000 жители во државава, рече Заев.

Тој кажа дека се што било предадено во СДСМ, сега е предадено во Специјалното обвинителство. Помеѓу материјалите се и транскриптите поврзани за случајот “Монструм“, рече Заев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски