Ахмети: Изборите да се одржат на договорениот датум

Од:

Датумот на изборите мора да остане 24 април бидејќи тој е договорен од политичките лидери и претставниците на меѓународната заедница. Доколку изборите се пролонгираат проблемите во земјата ќе се зголемат, а тоа ќе влијае и на стабилноста на изборите, истакна денеска лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на редовната годишна средба со членовите на партијата.

– Се слушаат гласови за анулирање на изборите. Не е добро и паметно датумот кој беше со консензус усогласен меѓу четирите партии и меѓународната заедница сега да се одложува. Не треба да се помести датумот оти тоа ќе влијае на стабилноста на државата. Изборите треба да се организираат и кој е најдобар нека победи, истакна Ахмети.

Лидерот ДУИ потенцира дека договорот од јуни и јули од Скопје е многу значаен за земјата и за нејзината стабилност.

– Скопскиот договор е многу битен за нашата држава. Поголемиот дел од овој договор е спроведен, освен неколку мали ситници. Мислам дека ќе се надминат разликите меѓу политичките страни за медиумите. Посакувам целата ситуација набрзо да се нормализира, рече Ахмети.

Во својот говор пред членството тој повика на внимателност во однос на скандалот со прислушувањето и фалсификуваните документи предупредувајќи дека секоја девијација ја попречува стабилноста на државата.

– Навистина сме загрижени, не знаеме до кои рамки ќе одат овие фалсификувања. Алармирам до Албанците и до сите граѓани на оваа држава да бидеме многу внимателни, да не потпаѓаме во замки бидејќи секој фалсификат и девијација ја попречува стабилноста и безбедноста на државата. Сите сили треба да имаат одговорност за безбедноста, за мирот во Република Македонија, рече Ахмети.

Објаснувајќи зошто Македонија се уште не е дел од НАТО и ЕУ, Ахмети посочи на прашањето за името, кој според него, е еден комплексен проблем и постигнувањето на компромис за ова прашање е многу тешко бидејќи станува збор за многу емоционален проблем, а таму каде што има емоции нема рационалност. Без помош на меѓународната заедница, смета тој, овој проблем не може да се реши и тој станува потежок.

– Ние сега имаме проблеми многу поголеми многу посериозни така што во одреден период, во вистинскиот момент ние повторно ќе се вратиме на решавање на овој проблем, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ смета дека во Македонија нема потреба од десетици партии и движења. За албанскиот електорат две партии се доволни.- Не смееме многу да се делиме туку треба да бидеме единствени во сите сфери, смета Ахмети, потенцирајќи дека ДУИ ќе победи и на изборите што претстојат и го повика членството да придонесе претстојните избори да бидат според стандардите.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ