Дел од буџетот наменет за споменици, барокни згради, бродови и палми да се пренасочи кон субвенционирање на сметките на семејствата кои не можат да си овозможат парно греење и кон гасификација во државата, рече на денешниот протест Горјан Јовановски, креатор на апликацијата „Мој воздух“.
– Според податоците кои кои ги има „Мој воздух“ за Скопје во змискиот период е очигледно дека загаденоста се зголемува после 15 часот и таа се намалува после 3 часот по полноќ. Причината за тоа е загревањето, се користат непогодни супстанци за тоа, но луѓето не го прават тоа од што сакаат, тие се финансиски немоќни да се приклучат на топлификација, вели Јовановски.
Тој додава дека е среќен што 30 илјади граѓани дневно преку „Мој воздух“ се информираат за загадувањето и неговата цел да се подигне свеста за загадувањето е постината.
– Конкретни итни мерки беа предложени и апелирам веднаш тие да се стават во акција и да се имплементираат. Но доколку сакаме оваа година да е последна со ваква енормна загаденост мора сите заедно да го искорениме овој пробем, вели Јовановски.
Знам дека Битола се наоѓа во Македонија во предизборието, кога партиите прават безброј митинзи во градот. Инаку никаде ги нема, вели Иван Чулаковски од битолското здружение „За нас се работи“.
-Немаше да бидам тука ако не доаѓав од градот кој трпи последици од РЕК Битола. Немаше да бидам тука доколку бев на местото на младите кои не гледаат некаде одозгора. Немаше да бидам тука ако бев на местото на татковците чии деца се справуваат со карцином на ненавршени седум години, вели Чулаковски.
Александар Тодески