(ВИДЕО) Масовен протест со ултиматум: Ако не се исчисти воздухот, ќе се блокираат градовите

Од:

Граѓаните масовно се собраа пред Владата во Скопје да го искажат својот револт кон власта за недоволната грижа за енормно загадениот воздух. Тие им дадоа ултиматум на надлежните доколку до 15 јануари не се преземат мерки против загадувањето, тие ќе ги блокираат загадените градови.

Тие велат дека власта е единствена која може да го спречи загадувањето и преку пароли ги потсетија дека и тие и нивните деца го дишат истиот воздух.

Демонстрантите носеа пароли на кои пишуваше „Груевски убиец на Тетово“, „Уаа дрвосечачи“, „Вие и вашите деца каков воздух дишете“, „Стоп смог“.

– Власта го изгуби слухот за се, а посебно со проблемот со загадувањето. Да останат глуви на предлозите и децата да одат на училиште не е во ред, велат граѓаните.

Препораките не се доволни, треба нешто да се преземе, велат активистите кои го организираа протестот против загадувањето.

– Не ни продавајте магла за да добиете на време. Подобро користете го времето за да се справите со маглата која носи загадување. Безпотребно ги китите нашите градови за нова година. Инвестирајте во нашите градови да станат чисти и градови во кои може да се живее, рече Аријанит Џафери од тетовската организација Екогерила.

Тој вели дека уставот и меѓународните конвенции не се почитуваат и дека наместо да се инвестира во иднината, власта со градењето барок и споменици инвестира во минатото.

DSC_0092

– Џабе бел барок за црни души. Од Тетово имаме само едно барање. Поставете ги филтрите на Југохром макар и во барок биле. Запрете го загадувањето затоа што ние не можеме да го запреме нашето дишење, вели Џафери.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите