Вистината за здравствената состојба на Шумахер

Од:

Шумахер се опоравува од тешката повреда на глава која ја здоби при скијање во Франција на 29 декемви 2013 година.

Шумахер едно време беше во кома во болницата во Гренобл, а сега е на рехабилитација во својот дом во Швајцарија.

Опоравувањето на овој славен возач оди мнoгу споро, а пред неколку дена германскиот магзин „Bunte“ објави дека Шумахер конечно проодел и дека може да ја крене едната рака.

Меѓутоа, портпаролот на Михаел и неговото семејство, Сабина Кем, ја демантирашe оваа вест и најавија тужба против овој магазин.

„За жал тврдењата дека Михаел може повторно да се движи не се точни. Такви изјави се неодговорни, бидејќи на Михаел му е важна приватноста поради тежината на повредата“. – изјави Кем.

„Шуми може самостојно да диши и да отвора очи. Повремено дава впечаток како се да не разбира,  меѓутоа не може да зборува, да оди и да се храни сам“, наведува „Bild“ и тврди дека ова е вистината за здравствената состојба на Шумахер.

Неговиот поранешен менаџер Вил Вебер изјави дека е загрижен за здравствената состојба на германскиот возач.

„Сметам дека е алармантно тоа што веќе долго време не сме слушнале ништо од неговото семејство. Да имаше било каков напредок сигурно семејството ќе го споделеа тоа со нас. Михаел е човек кој никогаш не бегал од јавноста“, кажа Вебер и притоа додаде:

„Ние знаеме дека Шумахер после трагичната несреќа за две години направи мали чекори до оздравување. Меѓутоа, прашање е на кое ниво. Михаел пројде многу лошо. Многу пропати до сега, а ќе пати уште. Боли тоа што повеќе не го гледаме на трките. Тоа ќе трае уште. Можеби сега единствено молитвите можат да помогнат. Толку многу проживеавме заедно и сеуште во главата имам сеќавања од него полн со живот“.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он