СДММ: Да помогнеме на најсиромашните, во 2016 системски промени

Од:

Социјалдемократската младина на Македонија продолжува со хуманитарните активности на терен. Последните денови од годината се секогаш дополнителен мотив да помогнеме, да покажеме солидарност за оние на кои им е најмногу потребно.

Оваа година во континуитет помагаме, на многу социјално-загрозени домаќинства, граѓани со инвалидитет, ранливи категории.Strumica 1

Денеска се одржаа хуманитарни активности во Штип, Струмица, Свети Николе и Делчево.

Младите од Штип го посетија Детското одделение при Клиничката болница, подарувајќи новогодишни пакетчиња за најмладите. Младите социјалдемократи од Струмица исто така поделија пакетчиња за децата од социјално-загрозените семејства. Во Свети Николе младите донираа облека и обувки за најранливите категории на граѓани, додека во Делчево се посети домаќинство и се донираа прехранбени продукти.Delcevo

Еднократната помош никогаш не е доволна, но во овие предновогодишни денови ќе овозможи насмевка на многу лица и достоинствен влез во Новата 2016 година.
Затоа ги повикуваме граѓаните, во рамките на своите можности да помогнат на граѓаните кои се на маргините на општеството!

Година во која се обврзуваме на системски промени и решавање на проблемот со сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска