Тетово бил еден од најзагадените градови во светот веќе неколку пати, рече Нгадним Мехмети од Еко Герила.
– Имаме искуство од Велес каде ги чуствуваат последиците после 12 години, не би сакале да се повторуваат овие маки, владата и др институции да го земат сериозно овој проблем, вели Мехмети.
Тој вели дека власта има добри односи со Кина и Индија, па треба да ги преземе нивните мерки.
– Очекуваме и во Скопје да има масовност како во Тетово, да излезат и да го дигнат својот глас, вели Мехмети и додава дека протестот е пред Влада бидејќи тоа е институција која може да влијае врз другите институции.
Александар Тодески