Димитров: На Груевски му одговара збрка затоа што со рацете е длабоко во медот

Од:

Дека мешаницата околу фалсификуваните лични карти е пропаганден трик на власта за да се отргне вниманието од аферит во кои се вплеткани владејачките функционери, смета и Никола Димитров, поранешен заменик министер за надворешни работи, поранешен амбасадор во САД и Холандија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, целта на аферата е да ја збуни јавноста, а му одговара само на премирот, Никола Груевски, за кој, вели Димитров, има сериозни индиции дека е инволвиран во кривични дела и корупција.

dimitrov

„Немам воопшто никакви сознанија за збрката со фалсификуваните лични карти. Ниту пак имам претензии дека ги имам сите одговори. Но, знам кому му одговара ЗБРКА. На тој што е во небрано, за кого според Прибе има сериозни индиции дека е со рацете длабоко во медот, дека од целата држава направил партиски и личен слуга.

Таа збрка по се изгледа има две цели. Прво, од сите бомбардирања со вистини, полу-вистини и лаги, да се изгубиме во (дез)информативниот облак, да не веруваме во ништо и да веруваме во се. Второ, црнење на противникот по логиката: ако ние и не сме баш најневините, и тие имаат гревови. Со други зборови, верувајте дека сите се исти и не може да биде подобро. Ние барем имаме “дела” зад нас, со молба да заборавиме дека во секое “дело” по се изгледа – и како што слушнавме – има уште поголемо недело, злоупотреба на позицијата и на јавните пари.

За да им веруваме на нив, треба да не им веруваме на сопствените уши.

За да им веруваме на нив, треба умот и свеста да ги заспиеме, а совеста да ја закопаме.“, пишува Димитров на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on