А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ХОПС: Со посебен закон да се регулира медицинската употреба на канабисот

by А1он24/12/2015 - 15:38212
Share0

Здружението ХОПС-опции за здрав живот смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија, имајќи ги предвид медицинските ефекти на канабисот, правото на пациентите за пристап до сите форми за лекување и позитивните искуства од многу земји.

Добивај вести на вибер

Според Здружението, законот треба да овозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници, но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек.

– Канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис). Исто така, медицинската употреба на канабисот не треба да биде условена со конвенционалната медицинска пракса, рече Влатко Деков од Здружението ХОПС-опции за здрав живот на прес-конференција по повод Предлог-законот за легализација на канабисот за медицинска употреба.

Посочи дека за таа цел ги повикуваат надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија.

– Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, подготвени сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза, додаде Деков.

kanabismkd

Би можело да ве интересира

Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

А1он14/02/2026 - 17:3014/02/2026 - 17:14

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Горан Наумовски12/02/2026 - 12:11

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:42

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

Катерина Ѓуровски28/12/2023 - 11:49

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски07/10/2023 - 17:4707/10/2023 - 17:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен