Путин доби свој парфем

Од:

Во Москва денеска беше промовиран парфемот „Лидерс намбр 1“, за чие производство, според неговиот творец, инспирација му бил рускиот претседател Владимир Путин.

Како што објави рускиот магазин за мажи „Лидер“, парфемот, кој е дело на белорускиот производител на парфеми Влад Рекунов, ќе се најде во продажба од 20 јануари идната година.

Прафемот „Лидерс намбр 1“ ќе биде произведен во ограничени количества од само 1.000 примероци и едно шише од 100 милилитри ќе чини 6.000 рубљи (78 евра),

Амбалажата на парфемот е црна кутија на која се наоѓа ликот на рускиот претседател со сребрена боја, под кој пишува „Инспирирано од Владимир Путин“.

Дел од средствата заработени од продажбата на овој парфем ќе бидат донирани во Домовите за деца без родители и за лекување на деца со сериозо заболувања.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година