Кривични за две лица за нелегална сеча на шума

Од:

СВР Куманово во рамки на оперативната акција „Гора“ поднесе кривична пријава против И.А.(53) од липковското село Опае, поранешен вработен во Агенцијата за катастар во Куманово, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и против М.А. (52) од кумановското село Рамно, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.

Во текот на ноември 2015 година И.А. во договор со М.А., без никаков правен основ, оформил три предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за седум катастарски парцели од катастарска општина Рамно кои биле во сопственост на РМ, со вкупна површина од 84.787 м2. Притоа, во нив внел невистинити податоци за соственоста на парцелите кои откако ги заверил со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем во катастарот, префрлајќи ги во сопственост на второпријавениот.

По ова второпријавениот преку лиценцираното правно лице ДПТУ СИМВИ КОМПАНИ ДООЕЛ Кратово поднел барање за сеча на дрвна маса, врз основа на што извршил сеча на вкупнпо 187 м3 огревно дрво, оштетувајќи го ЈП Македонски шуми за износ од 1.309.000 денари.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари