Деветти осомничен беше уапсен и против него се покренати обвиненија во Белгија во врска со нападите во Париз во ноември, соопшти белгиското федерално обвинителство.
Од Обвинителството потврдија дека приведениот остварувал телефонски разговори со братучедот на наводниот организатор на париските напади Абделхамид Абауд.
Осомничениот и Хасна Ајтбулхасен разговарале неколку пати по нападите и пред упадот на полицијата во париското предградие Сен Дени, кога беа уапсени Абауд и неговата братучетка, изјави портпаролот на обвинителството Ерик ван дер Сипт.
Станува збор за Абдула С. роден 1985 со белгиско државјанство, истакна во коминике обвинителството, додавајќи оти тој бил уапсен во вторникот и обвинет за „терористички убиства и учество во дејноста на терористичка група“.